Ердоган: Процесот на гласање е завршен на начин што и доликува на турската демократија

erdogan_345353454354
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган објави порака на својот профил на социјалните мрежи по завршувањето на гласањето на претседателските и изборите за државниот парламент, јави Анадолија.







– Почитувани пријатели и колеги, процесот на гласање е завршен на начин што и доликува на нашата демократија. Сега, како и секогаш, време е да се погрижиме за гласачките кутии. Неопходно е да се заштити волјата на народот додека резултатите не се финализирани, рече Ердоган.

Гласачките места ширум Турција беа затворени денеска во 17 часот по локално време (16 часот по средноевропско време), со што заврши гласањето за претседателските и парламентарните избори.

Граѓаните на Турција денеска гласаа на претседателски и парламентарни избори и избираа меѓу тројца претседателски кандидати и 24 политички партии и 151 независен кандидат за парламентот, кој има вкупно 600 пратенички места.

Право на глас на изборите имаат 64,11 милиони луѓе, а за прв пат гласале повеќе од 4,9 милиони турски граѓани.

Актуелниот претседател Реџеп Тајип Ердоган, Кемал Киличдароглу и Синан Оган, според редоследот на гласачкото ливче, се кандидати за претседател на Турција.

Избирачките места претходно беа отворени и надвор од Турција, во 75 држави и 156 претставништва на земјата.

Гласањето на граничните премини почна на 27 април, а во дипломатските претставништва на 5 мај и траеше до 9 мај, според претходно утврден распоред.

Повеќе од 3,41 милиони граѓани се пријавени за гласање од странство.

Како што соопшти Високата изборна комисија на Турција, нецелосни и неофицијални резултати ќе бидат вечерва, во првите часови по затворањето на гласачките места.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK