Елитните американски специјални сили пронајдоа иранско оружје на брод кој пловел кон Хутите, двајца специјалци се прогласени за мртви

Елитните-американски-специјални-сили-пронајдоа-иранско-оружје-на-брод-кој.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Двајца припадници на елитни американски морнарички фоки кои исчезнаа во Аденскиот залив претходно овој месец не се лоцирани и нивниот статус е променет во „мртов“, соопштија вчера американските воени претставници.


Тие биле пријавени за исчезнати откако се качиле на ирански брод, соопшти американската централна команда на платформата „Икс“.

Двајца американски специјалци исчезнаа на море додека вршеа операции во близина на брегот на Сомалија, соопшти американската војска на 12 јануари, додавајќи дека во тек се операции за пребарување и спасување за нивно лоцирање.

Американската војска минатата недела на социјалните мрежи објави дека во операциите спроведени една недела претходно, запленила оружје што Иран им го испраќал на јеменските исламистички бунтовници, Хутите, кои напаѓаат трговски бродови во Црвеното Море од почетокот на војната во Израел.

Командата на американската војска за Блискиот Исток објави дека анализата на оружјето запленето од брод во близина на брегот на Сомалија покажа дека Хутите користеле ист тип на оружје во нивните напади во Црвеното Море.

Запленувањето се случи на 11 јануари во близина на брегот на Сомалија – истиот ден кога беа првите американско-британски воздушни напади врз воени цели на Хутите. Меѓу предметите пронајдени на бродот имало и компоненти на крстаречки и балистички ракети, како и делови од опрема за противвоздушна одбрана.

„Ова е прво заплена на смртоносно напредно конвенционално оружје доставено од Иран до Хутите од почетокот на нападите врз трговските бродови во ноември 2023 година“, се вели во соопштението на американската Централна команда.

Двајца елитни специјалци исчезнаа во акција
Пресретнувањето и упадот на бродот го извршиле припадници на елитната единица „Нејви Сил“, чии двајца членови исчезнале за време на операцијата. Едниот бил однесен во морето од високите бранови, а другиот скокнал по него за да го спаси. Двајцата сега се прогласени за мртви по долга потрага.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK