Една година по земјотресите во Турција и Сирија во кои загинаа повеќе од 59.000 луѓе, илјадници луѓе се’ уште живеат во шатори

Една-година-по-земјотресите-во-Турција-и-Сирија-во-кои.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Турција денеска ќе се одржат комеморативни собири по повод одбележувањето на една година од разорниот земјотрес во кој загинаа повеќе од 53.000 луѓе.


Претседателот Реџеп Тајип Ердоган ќе престојува во Кахраманмарас, епицентарот на земјотресот, за да изврши увид во работата за обнова на градот и изградба на станови за илјадниците луѓе кои живеат во шатори и монтажни контејнери откако ги загубија своите домови.

Ердоган ќе им ги предаде клучевите од обновените куќи на преживеаните, а потоа во текот на неделата ќе ги посети и другите градови кои беа погодени од разорниот земјотрес пред една година, пренесува АП.

„Нашиот народ успешно го помина овој болен и историски тест“, напиша Ердоган во објавата на социјалните мрежи.

Провинцијата Хатај, која се наоѓа меѓу Средоземното Море и границата со Сирија, беше најтешко погодена од земјотресот.

Во Антакија, главниот град на таа провинција, толпата се судри со полицијата додека официјални лица пристигнаа на комеморацијата.

Градоначалникот Лутфу Савас беше пречекан со скандирања во кои се повикуваше да поднесе оставка, а министерот за здравство Фахретин Коџа беше исвиркан додека држеше говор, пишува АП.

По едноминутно молчење во 4 часот и 17 минути, кога се случи земјотресот пред една година, во реката беа фрлени каранфили.

Училиштата денеска се затворени во многу турски провинции погодени од земјотресот.

Повеќе од 53.000 луѓе загинаа во Турција и околу 6.000 луѓе во Сирија во разорниот земјотрес од 7,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди југот на Турција на 6 февруари 2023 година, а беше почувствуван и во пограничната област на Сирија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK