Џjинпинг: Русија и Кина мора да го задржат пријателството во тешка глобална ситуација

4fea1492-8775-40f1-b2a0-d3fc7f291075.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Кинескиот претседател Шји Џјинпинг ги повика Кина и Русија да продолжат да ги координираат развојните стратегии и меѓународната стратешка координација и да останат посветени на пријателските односи во тешката ситуација во светот.

На состанокот одржан во средата со рускиот претседател Владимир Путин пред 24-тиот состанок на Советот на шефови на држави на Шангајската организација за соработка (ШСО) во Астана, Шји истакна дека Путин остварил успешна државна посета на Кина овој мај, велејќи дека двете страни работеа заедно на правење планови и аранжмани за идниот развој на билатералните односи.

„Соочени со меѓународна ситуација оптоварена со турбуленции и промени, двете земји треба да продолжат да го поддржуваат стремежот за трајно пријателство и да се држат до својата решеност да бидат од корист за луѓето“, рече Шји.

Тој ги повика Кина и Русија континуирано да ја зачуваат уникатната вредност во односите и да ја истражуваат „внатрешната движечка сила на билатералната соработка“, како и да ги заштитат легитимните права и интереси, како и основните норми на меѓународните односи, пренесува „Ксинхуа“.

„Кина ја поддржува Русија во исполнувањето на нејзините обврски како претседавач со БРИКС, обединување на глобалниот југ, спречување нова студена војна и спротивставување на нелегалните еднострани санкции и хегемонија. Кина и Русија треба да продолжат да ја зајакнуваат сеопфатната стратешка координација, да се спротивстават на надворешното мешање и заеднички да го чуваат регионалниот мир и стабилност“, рече кинескиот претседател.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK