Бајден откри дали ќе се повлече од кампањата: „Не си одам, никој не ме брка, во трка сум до крај и ќе победиме“

1719542513-12331937-1024x683.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Американскиот претседател Џо Бајден ги отфрли гласините дека има намера да се откаже од својата кандидатура за претстојните избори и истакна дека е подготвен да победи во ноември.

„Да го кажам ова најјасно што можам: се кандидирав, никој не ме брка. Јас не си одам. Во оваа трка сум до крај и ќе победиме“, рекол претседателот, пренесува АП.

Како што беше најавено претходно денеска, демократските гувернери на Њујорк, Минесота и Мериленд ја поддржаа кандидатурата на претседателот Џо Бајден за претстојните избори во Соединетите Американски Држави.

„Претседателот отсекогаш ни го чувал грбот. Ние ќе се грижиме и за неговиот“, изјави гувернерот на Мериленд, Вес Мур за новинарите по средбата со Бајден и потпретседателката Камала Харис во Белата куќа, на која присуствуваа 24 демократски гувернери.

Гувернерката на Њујорк, Кети Хочул рече дека сите гувернери му ветиле поддршка на Бајден.

„Претседателот учествува во трката за да победи“, истакна таа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK