Двајца високи руски офицери загинаа на фронтот во Украина

konashenkov
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Официјална Москва денеска соопшти дека двајца руски воени офицери загинале на фронтот во Украина.

– Полковниците Вјачеслав Макаров и Евгениј Бровко „херојски“ загинаа во Украина, изјави на брифинг портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков.


Борбите се интензивираа во последните денови, а Москва тврди дека одбила украински напад на 95-километарската линија на фронтот во источна Украина.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на последниот ден, „непријателот направил масовен обид да ја пробие одбраната на руските војници, северно и јужно од Бахмут“, пренесува Бета.

– Сите напади беа одбиени, се вели во соопштението на руското Министерство.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK