Владата на Мали го отфрли извештајот на ОН за злосторства врз цивили

un human rights
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Привремената воена влада на Мали денеска го отфрли извештајот на Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации за наводната егзекуција на најмалку 500 лица од страна на војници од Мали и неидентификувани странски борци во текот на минатата година.







Владејачката хунта одговори на извештајот објавен во петокот по повеќемесечна истрага за она што групите за човекови права го опишаа како „најлошото злосторство“ во десетгодишниот конфликт меѓу исламистичките групи и војската.

– Преодната влада силно го осудува овој пристрасен извештај кој се заснова на фиктивен наратив и не ги исполнува воспоставените меѓународни стандарди, рече владиниот портпарол Абдулаје Мајга.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK