Министерството за надворешни работи на Австрија соопшти дека е донесена одлука за протерување на двајца руски дипломати поради „однесување кое не е усогласено со нивниот статус“, а им бил даден рок до 19 март да ја напуштат земјата, пренесува Ројтерс.
Од 2020 година, Австрија протерала 11 руски дипломати во четири наврати.
Официјални лица претходно изјавија дека протерувањата биле за активности кои вклучуваат шпионирање.
„Двајца дипломати на руската амбасада се однесуваа на начин што не е во согласност со нивниот дипломатски статус“, се наведува во образложението, пренесува медиумот.
Според неписите, уште пред официјалното објавување на потегот од Виена, Русија најави дека ќе одговори со реципрочни мерки.
Според агенцијата „РИА“, ваквата одлука на Австрија е неоснована.