Ујвала Вемуру загина на западниот брег на Австралија додека се обидувала да направи совршена фотографија за на „Инстаграм“.
Таа пешачела со пријателите во Националниот парк Ламингтон во Квинсленд кога групата застанала покрај водопади.
Ујвала сакала да се фотографира пред рајските водопади, но направила фатална грешка: кога и’ се лизнал мобилниот телефон, се обидела да посегне по него. Таа изгубила рамнотежа и се лизнала по падина висока околу десет метри пред да падне уште десет метри во дупката.
Пријателите веднаш повикале брза помош. Било потребно време за итните служби да извршат проценка на ризикот и да ја најдат.
Спасувачите успеале да ја извлечат жената дури по неколку часа. Сè што можеле да направат е да ја констатираат смртта.