Два авиони се судрија на пистата: нов инцидент во Јапонија

Два-авиони-се-судрија-на-пистата-нов-инцидент-во-Јапонија.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Два авиони „Ол Нипон Ервејс“ денеска се судрија во помал инцидент на пистата на аеродромот лоциран меѓу префектурите Осака и Хјого во западна Јапонија, но нема повредени, јавува јапонската „Кјодо“.


Инцидентот се случил околу 10:10 часот по локално време, на домашниот терминал на аеродромот Итами, соопшти компанијата „Кансаи аеродроми“.

Ова, според написите е трет инцидент на аеродромите во Јапонија во јануари годинава.

Пред две недели дошло до судир на два патнички авиони, кога авион на корејската ерлајнс удрил во авион на „Катај Пацифик ервејс“ на аеродромот „Њу Читозе“ на северниот јапонски остров Хокаидо.

На почетокот на јануари во Јапонија се судрија патнички авион и авион на крајбрежната стража. Сите 379 лица во авионот JAL беа безбедно евакуирани, додека пет од шесте членови на екипажот на помалиот авион на крајбрежната стража загинаа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK