Дури 20.000 војници во акција: почна најголемата воена вежба на НАТО од Студената војна

НАТО-мобилизира-90000-војници-ќе-вежбаат-сценарија-во-случај-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На северот на Европа започнаа големи воени вежби. Додека се чека официјалното влегување на Шведска во НАТО, Финска за прв пат ќе учествува како полноправна членка на западната воено-одбранбена алијанса.


Вежбите ќе траат речиси две недели, а ќе учествуваат 20.000 војници од 14 земји. Норвешките офицери ќе водат вежба чија цел е подготовка на силите за војна на северното крило на НАТО. Nordic Response 24 ќе се одржи на територијата на Шведска, Норвешка и Финска, а покрај споменатите земји ќе учествуваат и Белгија, Велика Британија, Канада, Данска, Франција, Германија, Италија, Холандија, Шпанија и САД.

„Вежбата ќе ги покаже оперативните способности на НАТО, кохезијата и волјата за одбрана на сите членки на НАТО“, се вели во соопштението на финската војска за вежбата.

Воената вежба на европскиот север е дел од пошироката воена вежба на НАТО, наречена Steadfast Defender 24, која ќе трае од јануари до мај оваа година, од Шведска и Финска до Унгарија и Грција. Тоа е најголемата воена вежба на западната алијанса од Студената војна.

Финска е последната земја што се приклучи на НАТО, отфрлајќи ја традиционалната неутралност, а соседна Шведска се очекува да го стори тоа до крајот на месецот.

Вежбата секако е насочена кон опасноста од исток, од Русија, која веќе две години води војна во Украина. Финска и Русија историски биле во војна и имаат заедничка граница долга 1.340 километри.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK