Драма во германско училиште: 16-годишен тинејџер избол момче и се запалил

1692788135_unnamed-file.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Германски тинејџер кој имал 16 години избол осумгодишен третоодделенец во Бишофсверда. По злосторството, 16-годишникот се самозапалил, пренесуваат медиумите во регионот.



Наставничката го вклучила алармот околу 9:40 часот. Според информациите на „БИЛД“, млад човек вооружен со нож истрчал низ зградата на основното училиште во Кирхштрасе и тешко повредил дете кое имало осум години. Основното и средното училиште се наоѓаат едно до друго во Кирхштрасе.

Полициски единици упаднале во основното училиште и ја опколиле областа. Учениците биле однесени на безбедно, а училниците се обезбедени, стои во извештаите.

Жртвата е повредена и пренесена на клиника. Според информации на „БИЛД“, ученикот од трето одделение бил тешко повреден, но не му бил загрозен животот. Неговата состојба е стабилна. Други повредени ученици нема. Според моменталната состојба, полицијата претпоставува дека сторителот бил самец.

Како што пренесуваат медиумите, момчето кое се самозапалило е пренесено во болница, но не се знае неговата состојба.

Засега нема информации за можниот мотив.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK