Драма во Германија: Пребарани 15 локации поради Хамас

Драма-во-Германија-Пребарани-15-локации-поради-Хамас.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Германските власти денеска претресоа 15 локации во врска со неодамнешната забрана за активностите на Хамас, како и на пропалестинската група Самидун, соопшти Министерството за внатрешни работи на Германија.


Во соопштението се наведува дека претресите се извршени во четири германски покраини и дека се со цел да се спроведе забраната за Хамас и Самидун, кои се означени како терористички организации во Германија, пренесе Ројтерс.

„Продолжуваме со нашата доследна акција против радикалните исламисти“, изјави германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер.

Фезер истакна дека со забраната на Хамас и Самидун, Германија испрати јасен сигнал дека нема да толерира поддршка за, како што наведе, „теророт на Хамас врз Израел“.

Според Министерството, во Германија има околу 450 членови на Хамас, чии активности се движат од поддршка и пропаганда до финансирање и собирање донации.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK