Драма на аеродромот во Манчестер: полицијата и пожарникарите опколија авион поради закана за бомба

Драма-на-аеродромот-во-Манчестер-полицијата-и-пожарникарите-опколија-авион.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Британската полиција и пожарникарските екипи ја преполнија пистата на аеродромот во Манчестер по закана за бомба.

Летот на „Емирејтс“ од Дубаи бил опколен од службите за итни случаи откако слетал нешто по 19 часот, пишува „Мирор“.

Полицијата на Манчестер потврди дека се извршени безбедносни проверки и дека досега не се пронајдени сомнителни предмети.

Од аеродромот во Манчестер вечерва потврдија дека авионот слетал и полицијата се занимава со инцидентот.

Полицијата на Манчестер соопшти дека сите патници се евакуирани и дека во оваа фаза од истрагата нема уапсени.

„Авионот слета на аеродромот во Манчестер и е задржан за понатамошна проценка. Претресите и безбедносните проверки се завршени и досега не се пронајдени сомнителни предмети“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK