Дмитриј Песков: Мнозинството во Европскиот парламент ќе биде проевропско и проукраинско, Русија внимателно ќе следи

01-peskov.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Москва ги следи изборите за Европскиот парламент и дека мнозинството во парламентот ќе биде проевропско и проукраинско, како и дека Русија внимателно ќе го анализира идниот состав на парламентот.

Запрашан како го коментира фактот што францускиот претседател Емануел Макрон поради поразот во неделата распиша предвремени парламентарни избори, Песков рече дека Русија не се меша во внатрешните работи на другите земји и дека тоа е работа на Париз, пренесува „РИА новости“.

„Тоа е внатрешно прашање на Француската Република, ние (Русија) не би сакале да се мешаме во внатрешните работи на земјата, спротивно на клеветите што понекогаш се шират во Европа и Америка“, истакна Песков на прес-конференцијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK