Дизни воведе санкции за Бајден: „Додека тој е кандидат, демократите нема да видат ниту долар“

bajden-italija.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Наследничката на Дизни, Абигејл Дизни, рече дека ќе ги замрзне донациите за Демократската партија додека актуелниот претседател Џо Бајден не се откаже од трката за реизбор, по лошиот настап во дебатата со републиканскиот ривал Доналд Трамп минатата недела.


„Имам намера да прекинам каков било придонес за партијата додека не го заменат Бајден на врвот на листата. Ова е реализам, а не непочитување. Бајден е добар човек и добро и служи на својата земја, но влогот е превисок“, изјави за CNBC Абигејл Дизни.

Таа предупреди дека демократите ќе загубат доколку Бајден не се откаже и додаде дека последиците од губењето ќе бидат „навистина страшни“.

Бајден во четвртокот објави дека не планира да се повлече од трката за уште еден мандат, и покрај повиците на многу демократски претставници и гласачи да го сторат тоа.

Конвенцијата на Демократската партија ќе се одржи на 19 август, а на неа и формално треба да се избере кандидат за претстојните претседателски избори.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK