Орбан му одговори на Мишел: Кога станува збор за односите со Русија и Украина, Унгарија дејствува во свое име, а не во име на ЕУ

Орбан-„Ме-притиснаа-до-ѕид.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Унгарија разбира дека со организацијата на преговорите меѓу Русија и Украина ќе се занимаваат големите земји, но би сакала да ги охрабри страните во конфликтот да склучат мир, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан во радио програмата „Кошут“.

„Будимпешта знае каде припаѓа и кое е нејзиното значење, како и дека големите сили ќе се занимаваат со големи преговори“, посочи Орбан.

Истовремено, тој повтори дека Унгарија би сакала да ги охрабри страните да започнат преговори. Премиерот објасни дека токму таква цел имал на ум кога го посетил Киев на 2 јули, по 12 години, каде што се сретнал со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Уште еднаш, морам да прецизирам дека унгарското претседавање со Советот на Европската унија не дава мандат за преговори во име на ЕУ, туку Будимпешта настапува во свое име. Она што можеме да го направиме е да разјасниме која страна на што е подготвена, а откако ќе дознаеме, лидерите на ЕУ веќе можат да донесат одлука, а по одлуката ќе може да се започнат преговори, што, за жал, се чини дека е далеку е засега“, нагласи Орбан.

Запрашан кои ќе бидат неговите следни чекори по неговата посета на Киев на 2 јули, Орбан рече: „Бидејќи овие чекори се од многу чувствителна природа, ќе може да се зборува за нив дури откако ќе се спроведат“.

Претходно, шефот на Европскиот совет во заминување, Шарл Мишел, на мрежата Х напиша дека ротирачкото унгарско претседателство со Советот на ЕУ нема мандат да контактира со Русија во име на Европската унија, коментирајќи ги мировните иницијативи на унгарскиот премиер, Виктор Орбан и информации за неговата можна посета на Москва.

Претходно, прес-секретарот на рускиот лидер Дмитриј Песков, коментирајќи ги медиумските написи за евентуална посета на Орбан на Русија, одби да ја потврди или негира оваа претпоставка, пренесува Спутник.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK