Директорот на СЗО: Децата умираат од глад во северниот дел на Газа

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус денеска изјави дека децата умираат од глад во северниот дел на Газа и дека овие „мрачни наоди“ дошле по посетата на претставниците на агенцијата на ОН на болниците Ал-Авда и Камал Адван за време на викендот.



Тој на социјалните мрежи напиша дека недостигот на храна резултирал со смрт на десет деца и „тешки нивоа на неухранетост“, додека болнички згради биле уништени, јавува Би-би-си.

Според него, СЗО успеала да испорача 9.500 литри гориво во секоја болница, како и некои неопходни медицински материјали, но дека тоа е „дел од итните потреби за спасување животи“, пренесува Танјуг.

Тедрос рече дека СЗО апелира до Израел да се погрижи, хуманитарната помош да се доставува безбедно и редовно.

„На цивилите, особено на децата и медицинскиот персонал, итно им е потребна поголема помош. Но, клучниот лек што им е потребен на сите овие пациенти е мирот. Прекин на огнот“, нагласи Тедрос на платформата „Икс“. Министерството за здравство во Газа, кое го води Хамас, во неделата извести дека најмалку 15 деца починале од неухранетост и дехидрација во болницата Камал Адван, јавува Би-Би-Си.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK