Новинската агенција Асошиетед прес вели дека телефонски разговарала со Мохамед Закут, директор на болниците во Газа. Закут рече дека израелските тенкови пристигнале во болничкиот комплекс Ал Шифа и дека војниците влегле во зградите, вклучително и во итните и хируршките одделенија во кои се сместени единиците за интензивна нега.
„Окупациските сили упаднаа во зградите“, рече тој преку телефон, додавајќи дека пациентите, меѓу кои и децата, биле преплашени. „Тие врескаат. Тоа е многу страшна ситуација… Не можеме да направиме ништо за пациентите освен да се молиме“, рече Закут.