Демократите и републиканците се уште без договор за зголемување на ограничувањето на долгот на САД

bajden
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот претседател Џо Бајден и претседателот на Претставничкиот дом Кевин Мекарти синоќа неуспешно ги завршија преговорите и не постигнаа договор за зголемување на плафонот на американскиот долг, кој сега изнесува 31,4 трилиони долари.

Бајден и Мекарти ќе продолжат со разговорите бидејќи остануваат само десет дена до евентуалната неликвидност што може да ја уништи американската економија.


Претседателот – демократ и лидерот на Претставничкиот дом – републиканец, се обидоа да постигнат напредок во преговорите, додека Мекарти бара од Белата куќа да се согласи со намалување на трошоците во федералниот буџет, што Бајден го смета за „екстремно“, а претседателот сака да ги зголеми даноците на богатите, што републиканците го одбиваат.

„Мислам дека разговорите беа продуктивни. Сè уште не постигнавме договор“, им рече Мекарти на новинарите по едночасовниот разговор со Бајден во Овалната соба. Тој рече дека претставниците на нивните кабинети ќе продолжат со разговорите. – Мислам дека договор е сè уште можен, додаде тој.

Договорот мора да биде постигнат до 1 јуни, до кога лимитот на долгот или ќе биде подигнат или САД веќе нема да можат да ги сервисираат своите долгови, што, предупредуваат економистите, може да предизвика рецесија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK