„Дали е тоа правда?!“ – Ердоган бесен поради американското вето за резолуцијата за Газа

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска повика на реформи во Советот за безбедност на Обединетите нации, осудувајќи го фактот дека Соединетите држави можеа да стават вето на резолуцијата за прекин на огнот во Газа и покрај огромната поддршка за предлогот од други земји.



– Барањето на Советот за безбедност на Обединетите нации за прекин на огнот беше одбиено само со американското вето. Дали е тоа правда? – рече Ердоган на конференцијата за човекови права во Истанбул, додавајќи дека „треба да се реформира Советот за безбедност на ОН“.

На гласањето во Советот за безбедност, во петокот, САД ставија вето на резолуцијата за итен прекин на огнот во Газа, за која гласаа 13 членки на тоа тело на ОН, додека Велика Британија беше воздржана, потсетува Ројтерс.

САД ја оценија резолуцијата како „неурамнотежена и „одвоена од реалноста“.

Објаснувајќи ја причината поради која Вашингтон стави вето на резолуцијата, американскиот претставник рече дека процесот до усвојување на нацрт-резолуцијата бил избрзан, а соодветните консултации за време на истата изостанале, објави претходно Би-Би-Си.

При своето излагање тој нагласи дека во резолуцијата не се содржани изразите што ги побараа САД, како што е осудата на нападот на Хамас на 7 октомври, поради што и Британија се воздржа.

Предложената резолуција е одговор на писмото испратено од генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш до Советот за безбедност во средата, во кое тој предупреди на претстојната „хуманитарна катастрофа“ во Газа и ги повика 15-те членки на телото да гласаат за прекин на огнот. достави хуманитарна помош и ослободи заложници, јави АП.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK