Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека оваа недела ќе биде исклучително тешка за Србија бидејќи, како што вели, ќе има дополнителен притисок врз земјата да воведе санкции кон Русија, пренесуваат регионалните медиуми.
„Ќе бидеме изложени на притисок да го признаеме Косово и да воведеме санкции кон Русија“, рече тој.
Како што додаде, сигурен е дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на најдобар можен начин ќе ги брани националните и државните интереси на Србија и на српскиот народ.