Чапутова го назначи досегашниот заменик-гувернер на Централната банка, Одор за вд премиер

chaputova
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Словачката претседателка Зузана Чапутова денеска го назначи Лудовит Одор за вршител на должноста премиер, чија техничка влада ќе ја води земјата до предвремените избори во септември.







Назначувањето на 46-годишниот Одор доаѓа по распадот на централнодесничарската коалиција која владееше од последните избори во 2020 година.

Одор е познат како почитуван, политички независен економист кој досега ја извршуваше функцијата заменик-гувернер на Словачката централна банка.

Словачка со месеци се соочува со политичка нестабилност. Владејачката коалиција предводена од Едуард Хегер почна да се распаѓа по оставката на некои министри, а потоа и самиот Хегер поднесе оставка на 7 мај.

Претходно, оставки поднесоа поранешниот министер за земјоделство Самуел Влчан и поранешниот министер за надворешни работи Растислав Качер.

Влчан поднесе оставка откако се дозна дека неговата приватна компанија контроверзно добивала европски фондови додека тој сè уште бил на функцијата, а Качер затоа што Хегер во телевизиска изјава одбил да замине по избивањето на скандалот.

Одор студирал математика и менаџмент, а поголемиот дел од кариерата го поминал во јавниот сектор на позиции поврзани со економија.

Тој учествуваше во подготовките на земјата за пристапување во еврозоната во 2009 година и помогна во формирањето на аналитичкото одделение на Министерството за финансии и Државниот буџетски совет.

Тој помина четири години во администрацијата на централната банка, од 2006 до 2010 година, а во 2018 година се врати на местото заменик – гувернер.

Тој беше и советник на премиерот Михал Хорват во 2012 година, како главен економист на Словачката централна банка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK