Бројот на жртви следбеници на сектата во Кенија нарасна на 403

kenija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Властите во Кенија денеска соопштија дека пронашле уште тела во шумата Шакахоле на истокот од земјата, со што бројот на жртви на сектата „Меѓународна црква на добри вести“ што повикива на постење нарасна до 403.







Тамошните власти очекуваат оваа последна потврдена бројка уште повеќе да се зголеми, бидејќи потрагата по масовните гробници се уште трае, речиси три месеци по откривањето на првите жртви.

Меѓу жртвите има и деца, кои загинаа во шумата Шакахола каде што се состанувале следбениците на сектата предводена од уапсениот Пол Макензи Нтенге.

Тој на своите следбеници им велел дека треба да постат за да „се сретнат со Исус“.

Нтенге се предал на полицијата на 15 април и веднаш бил приведен.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK