Бројот на жртви се искачи на 51: Чиле во пламен, шумските пожари се шират кон урбаните средини

Бројот-на-жртви-се-искачи-на-51-Чиле-во-пламен.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Бројот на жртвите од шумските пожари кои продолжуваат да беснеат во централниот дел на Чиле се искачи на 51 лице.


Површината зафатена со шумски пожар се зголеми од 30.000 на 43.000 хектари.

Службите за итни случаи се обидуваат да го задржат огнот кој ги загрозува и урбаните средини.

Црн чад извира над многу делови од регионот Валпараисо во централно Чиле, дом на речиси милион жители, а пожарникарите користеа хеликоптери за гаснење на пожарот, пренесува Ројтерс.

Областите околу крајбрежниот туристички град Вина дел Мар се меѓу најтешко погодените, а спасувачките тимови се борат да стигнат до сите погодени области. Министерката за внатрешни работи Каролина Тоха рече дека земјата се соочува со најголемата катастрофа од земјотресот во 2010 година, кога загинаа околу 500 луѓе.

Таа потенцира дека властите најмногу ги загрижува фактот што некои од активните пожари се развиваат многу блиску до урбаните средини „со многу висок потенцијал да загрозат луѓе, куќи и други предмети“.

„Ситуацијата е навистина многу тешка“, рече чилеанскиот претседател Габриел Бориќ за време на неговото обраќање до нацијата.

Шумските пожари не се невообичаени во Чиле во текот на летните месеци, а минатата година рекордниот топлотен бран уби околу 27 луѓе и уништи повеќе од 400.000 хектари земја.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK