Бројот на Палестинци убиени во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври достигна 27.708, соопшти Министерството за здравство на Хамас.
Се додава дека во изминатите 24 часа загинале 123 Палестинци, а 169 од нив се повредени.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека со „тоталната победа“ на израелската армија во Појасот Газа ќе и биде зададен „фатален удар“ на палестинската исламистичка организација Хамас, но и на Иран и неговите сојузници.
„Апсолутна победа е од суштинско значење затоа што гарантира безбедност за Израел. Целосната победа ќе зададе фатален удар на оската на злото, а тоа се Иран, (либанскиот) Хезболах, (јеменските бунтовници од движењето Хути) и секако Хамас“. рече Нетанјаху по средбата со претставници на армијата.
Како што соопшти неговиот кабинет, Нетанјаху во Латрун, недалеку од Ерусалим, истакна дека Израел е „на пат кон целосна победа“, дека е посветен на тоа и дека „нема да се откаже“.