Британската тинејџерка која беше пријавена за исчезната по нападот на Хамас во Израел е убиена, соопшти нејзиното семејство. 13-годишната Јахел исчезна откако милитантите го нападнаа кибуц Бери и ја убија нејзината мајка родена во Британија, Лиан.
Членовите на нејзиното семејство потврдија за Би-би-си дека Јахел исто така е мртва. Нејзината сестра Ноија (16) и нејзиниот татко Ели, Израелец, се уште се водат како исчезнати.
Британскиот премиер Риши Сунак вчера изјави дека најмалку шест британски државјани ги загубиле животите во нападите на Хамас.