Британија: Русија планира избори во окупираните делови на Украина

Британија-Русија-планира-избори-во-окупираните-делови-на-Украина.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Руските власти во окупираните делови на Украина планираат да одржат избори за прв пат следниот месец, напиша утринава Министерството за одбрана на Обединетото Кралство во својот оперативен извештај. Изборите треба да се одржат меѓу 8 и 10 септември, паралелно со изборите одржани во самата Русија, соопшти Министерството за одбрана.


„Иако се идентификувани повеќе од 1.000 кандидати, според некои извештаи постои недостиг на квалификувани, искусни и подготвени кандидати. Исто така, нема независни кандидати кои не се членови на партиите поддржани од Кремљ, што покажува дека ова нема да бидат слободни или фер избори“, соопшти Министерството за одбрана, додавајќи дека гласањето веќе започнало во Запорожје и Мариупол.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK