Борел: Израел продолжува со воената акција на југот на Појасот Газа и покрај пресудата на МСП

Borel.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Израел ја продолжува својата воена акција во јужниот дел на Појасот Газа и покрај пресудата на Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој го повика веднаш да ги прекине нападите, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.


Тој посочи дека одлуката на МСП мора да се имплементира и додаде дека ќе почне да се работи на донесување политичка одлука за започнување посветена мисија за помош на ЕУ на граничниот премин Рафа меѓу Газа и Египет, пренесува Ројтерс.

МСП во петокот му нареди на Израел, во случајот што го покрена Јужна Африка во кој Израел го обвинува за геноцид, веднаш да ја прекине воената операција во Рафа, како и да отвори граничен премин во тој град со Египет за да овозможи прилив на повеќе хуманитарна помош.

Претседателот на МСП, Наваф Салам изјави дека „Израел мора веднаш да ја прекине својата воена операција или каква било активност во Рафа што може да ги доведе Палестинците во Газа во услови на живот што би довело до нивно физичко уништување целосно или делумно“.

Од друга страна, неколку израелски функционери изјавија дека наредбата на МСП остава простор за воени операции во тој град.

„Она што тие од нас бараат е да не се врши геноцид во Рафа. Ние не извршивме геноцид и нема да извршиме геноцид“, изјави Цачи Ханегби, советник на израелскиот премиер за национална безбедност.

Тој посочи дека Израел, според меѓународното право, има право на самоодбрана и дека пресудата на МСП не го негира тоа. Друг неименуван израелски функционер рече дека пресудата на Меѓународниот суд на правдата „не е целосна наредба“ и е формулирана да не ги отфрли сите воени операции.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK