Болниците во Газа се изложени на ризик да се претворат во мртовечници, предупреди Црвениот крст

Болниците-во-Газа-се-изложени-на-ризик-да-се-претворат.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Болниците во Газа ризикуваат да се претворат во мртовечници бидејќи ќе ја загубат електричната енергија, предупреди Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК).


Единствената електрана во Појасот Газа престана да работи вчера поради недостиг на гориво. Ова значи дека Газа – вклучувајќи ги и болниците – се потпира на генератори, на кои пак им треба свежо снабдување со гориво.

Најголем дел од снабдувањето со електрична енергија во Газа доаѓа од Израел, кој ја прекина струјата во областа по нападот на Хамас.

„Човечкото страдање предизвикано од оваа ескалација е ужасно и барам од страните да го намалат страдањето на цивилите“, рече регионалниот директор на МКЦК за Блискиот Исток, Фабрицио Карбони, пренесе Би-Би-Си.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK