„Боинг“ е до гуша во проблеми

„Рајанер-Квалитетот-на-„Боинг-е-загрижувачки.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Би помислиле дека оваа година не може да биде полоша за компанијата Боинг. Но, откога нивниот авион ненадејно „пропадна“ среде летот за Нов Зеланд, при што беа повредени десетици патници, а откако пилотот привремено ја загуби контролата над леталото, се чини дека може, пишува „Си-ен-ен“.


Пилотот сепак успеа безбедно да слета, но се уште не е јасно што предизвика толку драматичниот пад во воздухот на летот од Австралија до Нов Зеланд.

„Боинг“ објасни дека го истражува случајот и работи на собирање информации, но тоа не е нешто што сакате да го слушнете по серијата пропусти и скандали што ја снајдоа компанијата, коментира „Си-ен-ен“.

Серијата лоши вести за „Боинг“ почна во првиот викенд од оваа година, кога дел од 737 Max на Alaska Airlines падна по полетувањето. Прелиминарната федерална истрага покажа дека Боинг најверојатно не ги поставил завртките на вратата од која паднал делот.

Тој инцидент резултираше со привремено приземјување на авионите 737 Max низ целата земја, проследено со конгресни сослушувања, одложување на производството и испораката, повеќе федерални истраги, вклучително и кривична истрага, и голем пад на акциите на Боинг, кој изгуби четвртина од својата вредностоваа година, намалување на пазарната вредност на компанијата за повеќе од 40 милијарди долари.

Но, лошите вести не застанаа тука. Во февруари, пилотите на Јунајтед ерлајнс 737 Макс објавија дека контролите на авионот не функционирале додека авионот слетувал. Пред две недели, Федералната управа за авијација идентификуваше безбедносни проблеми со системите за одмрзнување на моделите 737 Max и 787 Dreamliner кои може сериозно да ги оштетат моторите. Засега ФАА (Агенција за воздухопловство) дозволи авионите да продолжат да летаат, а Боинг соопшти дека тоа не претставува безбедносен ризик.

ФАА, исто така, тврди дека сметаат дека системот за работа и управување во Боинг е хаотичен и непрофесионален. Велат дека проблемот не е само во документацијата, туку и во целиот менаџерски синџир и самата работа. Тие му наложија на Боинг да претстави план за решавање на проблемите со производството до крајот на мај.

„Врз основа на ревизијата на ФАА, нашите неуспеси во квалитетот и неодамнешниот извештај на експертската комисија, продолжуваме да спроведуваме непосредни промени и развиваме сеопфатен акционен план за зајакнување на безбедноста и квалитетот и градење доверба со нашите клиенти и патници“, велат од Боинг.

„Фокусирани сме на преземање значајни активности со транспарентност на секој чекор“, велат тие.

Акциите на Боинг паднаа за 3 отсто синоќа по веста за летот за Нов Зеланд, а денеска паднаа за уште 4,5 отсто. Тоа е втор најлош резултат на берзата, зад Тесла.

Но, ужасниот почеток на Боинг во 2024 година не е само прашање на вредноста на акциите, туку и прашање на углед. Враќањето на довербата на авиокомпаниите, регулаторите и патниците станува сè потешко со секој нов инцидент и надзор.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK