Поддржувачите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп користат вештачка интелигенција за да генерираат лажни слики на гласачи кои наводно го поддржуваат Трамп и ги споделуваат тие фотографии на социјални мрежи за да ги охрабрат Афроамериканците да гласаат за републиканците на претстојните претседателски избори, пишува „Би-Би-Си“.
Медиумот тврди дека открил десетици лажни фотографии на кои се гледа како Афроамериканците му даваат поддршка на поранешниот претседател, но додава дека засега нема докази кои директно ги поврзуваат сликите со кампањата на Трамп.
Ко-основачот на „Блек вотерс метер“ рече дека лажните фотографии на Трамп опкружен со поддржувачи од афро-американската заедница поттикнаа стратешки наратив дизајниран да покаже дека Трамп е популарен кај афро-американската заедница.
ликите генерирани од вештачката интелигенција откриени од Би-Би-Си се чини дека се создадени и споделени од гласачи, поддржувачи на републиканците, наведува Би-би-си, додавајќи дека меѓу нив е Марк Кеј и неговиот тим кои водат радио емисија на конзервативна радио станица во Флорида.
Тие направија фотографија од насмеаниот Трамп опкружен со Афроамериканци и ја споделија на Фејсбук профилот на Марк Кеј, кој има повеќе од милион следбеници, јавува „Би-Би-Си“.