Министерот за финансии на САД, Скот Бесент ја опиша 90-дневната пауза на претседателот Доналд Трамп на царините како победа и сигнал за преговарачката моќ на Трамп, велејќи дека потегот е резултат на огромниот одговор од американските сојузници. Тој го отфрли наводите дека одлуката е поништување.
„Не, претседателот Трамп си создаде максимално преговарачка предност за себе“, им рече тој на новинарите во средата.
„Бевме едноставно преплавени, преплавени од реакциите, најмногу од нашите сојузници, кои сакаат да дојдат и да преговараат со добра волја.“
„Очекуваме да дојдат со нивниот најдобар договор“, додаде тој.
Притиснат повторно за тоа што доведе до паузата и дали големата нестабилност на пазарите имала влијание врз одлуката, Бесент сугерира дека тоа е директен резултат на повеќе од 75 земји кои дошле во Белата куќа да преговараат и дека станува збор за процес што бара време за да се склучи секој договор.
„Тоа е едноставно проблем во процесирањето. Секое од овие решенија ќе биде по мерка. Ќе одземе некое време. А претседателот Трамп сака лично да биде вклучен, па затоа ја имаме оваа пауза од 90 дена,“ рече тој.
„Тоа беше одлука на претседателот – да почека до денес. … Никој не создава преговарачка предност за себе како претседателот Трамп,“ рече тој.