Банката на Англија ги зголеми каматните стапки на највисоко ниво од крајот на 2008 година

banka anglija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Банката на Англија денеска ги зголеми каматните стапки на највисоко ниво од крајот на 2008 година, борејќи се со високата инфлација во Велика Британија.

Одлуката на деветчлениот комитет за монетарна политика на банката да ја зголеми основната каматна стапка за четвртина процентен поен на 4,5 отсто беше очекувана на финансиските пазари. Ова е 12-то зголемување по ред.


Други големи централни банки, како што се Федералните резерви на САД и Европската централна банка, исто така ги зголемуваат каматните стапки за да ги спуштат стапките на инфлација од највисоките вредности во изминатите неколку децении.

Банката на Англија почна да ги зголемува каматните стапки на крајот на 2021 година од најниските 0,1 отсто со цел да го контролира растот на цените што беа резултат на укинувањето на ограничувањата поради коронавирусот, а потоа и руската инвазија врз Украина, што доведе до пораст на цените на енергијата.

Банката, чија цел е да ја задржи инфлацијата на околу два отсто, најави дека инфлацијата, која сега е нешто над 10 отсто, најверојатно до крајот на годината ќе падне на околу пет отсто.

Во документите кои ја придружуваат нејзината денешна одлука, Банката соопшти дека цените на храната останале високи подолго од очекуваното и оти очекува инфлацијата на потрошувачките цени да опаѓа побавно отколку што се мислеше.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK