Балерина од Англија почина откако изеде колаче на чие пакување не пишувало дека содржи кикиритки

Балерина-од-Англија-почина-откако-изеде-колаче-на-чие-пакување.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Балерина од Ланкашир, Англија, почина во САД откако изел колаче на чие пакување не пишувало дека содржи кикиритки, пишува Sky News.


25-годишната Орла Баксендејл почина од тежок анафилактичен шок по алергиска реакција на бисквит од ванила од американскиот супермаркет Stew Leonard’s.

Баксендејл се преселила во Њујорк во 2018 година за да продолжи со кариерата како балерина, а колачето го изела на собир во Конектикат.

Во колачето имало кикирики на кои девојката била алергична, а на етикетата не пишувало дека има јаткасти плодови.

Околу 500 пакувања колачиња кои беа продадени меѓу 6 ноември и 31 декември сега се отповикани по наредба на Управата за храна и лекови на САД.

Stew Leonard Jr, претседател и извршен директор на трговецот на мало, изјави дека нивниот добавувач Cookies United го променил составот на колачињата, т.е. дека ги замениле оревите од соја за кикиритки без да го известат супермаркетот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK