Американскиот претседател Џо Бајден денеска ги повика светските лидери на Генералното собрание на ОН да застанат покрај Украина во борбата против руската инвазија, со надеж дека тоа ќе го слушнат и републиканците.
„Русија верува дека светот ќе се замори и ќе дозволи да ја нападне Украина без последици. Ако дозволиме Украина да биде фрагментирана, дали независноста на која било нација е безбедна?“ праша Бајден во говорот пред Генералното собрание на ОН.
Бајден беше пречекан со аплауз кога рече дека САД и нивните сојузници ќе застанат покрај Украина во нејзината борба за слобода.
„Само Русија сноси одговорност за оваа војна. Само Русија има моќ веднаш да ја прекине оваа војна“, рече тој.