Бајден: Не смее да надвладее омразата во Америка

1693302891_unnamed-file.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Американскиот претседател Џо Бајден и највисоките функционери на Белата куќа заеднички се изјаснија против надмоќта на белите и побараа од Американците да се обединат во борбата против омразата, по расно мотивираното убиство на тројца црнци во Флорида за време на викендот, пренесуваат тамошните медиуми.

„Омразата, која расте, не смее да надвладее“, рече Бајден додека разговараше со лидерите за граѓански права, вклучително и членовите на семејството на Мартин Лутер Кинг помладиот, на одбележувањето на 60-годишнината од Маршот во Вашингтон, кога Кинг го изнесе своето познато „Јас Имам сон“.

Маскиран белец пукал со пиштол кон тројца црнци во Џексонвил, Флорида.

Нападот бил окарактеризиран како расистички, а убиецот, идентификуван како 21-годишниот Рајан Палметар, кој извршил самоубиство.

Злосторствата од омраза се зголемени за 12 отсто во 2021 година, според најновите податоци објавени од ФБИ, а повеќето се мотивирани од расизам, потсетува „Гласот на Америка“.

Потпретседателката на Америка, Камала Харис рече дека има луѓе кои намерно сакаат да ја поделат нацијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK