Бајден: Договорот за заложниците во Газа е во рацете на Хамас

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека договорот за заложниците е во рацете на Хамас и дека итно е потребен привремен прекин на огнот во Појасот Газа пред Рамазан, муслиманскиот месец на постот.



„Ако дојдеме во ситуација ова да продолжи за време на Рамазан, тоа може да биде многу, многу опасно“, им рече тој на новинарите во вторникот.

„Договорот за заложниците во моментов е во рацете на Хамас“, рече тој. Претставниците на САД, Катар и Египет преговараат за привремен прекин на огнот со Хамас во Каиро. Израел не е директно вклучен во разговорите, а имаше и спротивставени изјави за тоа дали е постигнат напредок.

Прекинот на огнот во Газа ќе ја олесни размената на заложниците, кои таму ги држат милитантите на Хамас, за палестинските затвореници во Израел.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK