Еден од учесниците на демонстрациите на земјоделците во Германија- Долна Саксонија денеска е тешко повреден откако во него удрил возач на автомобил, соопшти локалната полиција.
Инцидентот се случил во близина на градот Фризојт, а повредениот земјоделец бил префрлен во болница со спасувачки хеликоптер, пишува „Frankfurter Allgemeine Zeitung“.
Засега не се објавени повеќе информации за инцидентот и не се знае дали возачот намерно го повредил демонстрантот.
Германски земјоделци утринава ги блокираа влезовите на автопатиштата низ земјата, протестирајќи против владиниот план да ги намали субвенциите за гориво како дел од најавеното прилагодување на федералниот буџет.