(Видео) Германија лесно се справи со Србија во Белград


14441831.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Германија рутунски ја победи Србија, во Белград, соо 3:1, во Лигата на нации. Како играа Србите на овој меч вистинско чудот е како Германците постигнаа само три гола.


Србите имаа уште едно лошо издание во Лигата на нации, оправдување не може да им ниде ниту отсуството на неколку фудбалери, ниту тоа што селекторот Пауновиќ поради суспенија не беше на клупата, ниту што поради казната играа пред 5.000 деца.

Германците за 14 минути го решија победникот. Бабиќ несреќно си постигна авто-гол во третата минута, а Вирц го зголеми резултатот во 14-та.

Некако, Србија успеа да испрати еден удар во првото полувреме и да не прими повеќе од два гола, а потоа очајно го започна вториот. Груда се прошета покрај српската одбрана и прецизно шутираше од работ на песнаесетникот за 3:0.

Неколку минути и припаднаа на Србија, кога по голот на Бабиќ, Цветковиќ имаше можност да го намали резултатот на 2:3. Не успеа, а потоа и последната трошка надеж исчезна со црвениот картон на Драгоевиќ во 77-та минута. Србите останаа без уште еден играч кога црвен картон доби и Живковиќ во 89-та минута.

Foto/ EPA

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK