Анкета: Мнозинството Германци сака 8 мај да биде државен празник

germanija_2342342333
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Мнозинството Германци сака 8 мај, годишнината од поразот на нивната земја во Втора светска војна, да биде државен празник, покажуваат резултатите од најновата анкета на „ЈуГов“ (YouGov).







Анкетата покажува дека 53 отсто од Германците изјавиле дека е соодветно 8 мај, денот кога нацистичка Германија безусловно им се предаде на сојузниците, да биде нов државен празник, додека 27 проценти се изјасниле дека тоа би „прилично“ или „многу“ несоодветно.

Истражувањето покажува дека посебно младите луѓе ја поддржуваат идејата Денот на победа над фашизмот да биде германски државен празник. Дури 61 отсто од лицата на возраст од 18 до 24 години се изјасниле 8 мај да биде државен празник. Анкетата е спроведена од 5 до 7 мај 2023 година, при што се испитани 14.181 полнолетни лица.

Германската армија капитулираше пред Советскиот Сојуз, САД, Велика Британија и Франција нешто повеќе од една недела откако нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер изврши самоубиство во Берлин.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK