Василиј Дубков, адвокатот на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој почина на 16 февруари, е приведен во Москва, јавуваат медиумите.
Тој наводно бил уапсен поради „нарушување на јавниот ред и мир“, пренесува Новаја Газета.
По смртта на Навални, Дубков ја придружувал мајка си Људмила до Салехард, каде било пренесено телото на рускиот политичар.
Навални почина на 16 февруари, а телото и беше предадено на неговата мајка.
Датумот на погребот ќе биде одреден подоцна.
Навални отслужуваше 30-годишна затворска казна, меѓу другото, за, како што е наведено во една од пресудите на рускиот суд, за основање и финансирање на екстремистичка организација и нејзините активности, а беше познат и како остар критичар на Кремљ.