18-месечно бебе се задуши во Венеција со капаче од паста за заби. Трагедијата се случила минатата недела во семејната куќа во Лидо, додека бебето било со мајката. Момент бил во прашање за детето да го турне пластичниот дел во устата и тој да и загчлави во трахеата.
Локалните здравствени власти проверуваат што точно се случило, а според приказната на мајката, таа ја однела својата ќерка во тоалет за да ги измие забите. Меѓутоа, девојчето во еден момент ја зела пастата, ја ставила во уста и го скинала горниот дел, пластичното капаче.
“Јас и ќерка ми бевме во бањата за да и ги измиеме забите. Таа најде нов производ на кој сè уште беше пластичното пакување, затворено, но успеа да го откине со забите”, рекла Емили.
Родителите веднаш се обиделе да ги одблокираат дишните патишта, но не успеале.
Бидејќи не можеле сами да го извадат парчето пластика од нејзиниот душник, веднаш се упатиле во локалната болница, од каде што требало да биде пренесена во Падова. Меѓутоа, хеликоптерот имал проблеми, па полетале со друг, поради што изгубиле драгоцено време.
Девојчето околу 12 часот пристигнало во Падова каде била приклучена на уреди.
„Предолго беше без кислород, со инструменти ја извлекоа пластиката што ја проголта. Се прашуваме зошто не ја извадија веднаш во Венеција. Нема ли таму инструменти? Ги молевме лекарите да го направат тоа, неколку пати“, вели мајката.
Девојчето било приклучено на машини во петокот и се борела да преживее цела ноќ. Во саботата наутро на лекарите им било јасно дека нема надеж за малото девојче.
„Болничарите во Венеција беа добри, час и половина се обидуваа да и го спасат животот, не се откажаа. Да имаа машина да видат каде е заглавена пластиката, можеби ќе ја спасеа“, заклучи мајката.