Тасевски: Значи некои инспектори со право биле многу бесни

sasho tasevski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ајде откри злостор во прв ден ако некој од кој најмалку очекуваш кажува три верзии на настаните кои претходеле на злосторот.
Значи некои инспектори со право биле многу бесни, зашто и самите се родители.
Праќаш луѓе да проверат дали се точни информациите што ти ги кажува блиското лице на жртвата, гледаш дека не се точни.







И како во прв ден да го разрешиш злосторот?
Како да го спречиш злосторот, ако некој што знае нешто, не дојде барем ден пред злосторот да каже?
Не е само да фрлаш со камења по некого партиски обоен од глава до петици.
Оние кои заслужуваат пофалба и почит не се политичките функционери во полицијата, туку инспекторите, професионалците кои се соочувале со сериозно сулуди проблеми во истрагата што им одземале драгоцено време да спречат злостор. Или да го откријат уште првиот ден. И покрај тоа го открија многу брзо. Уапсија пет души. За жал, немаше спас за жртвите.

Но, пак ќе кажам, за тоа треба да си сноси
одговорност некој/а што не бил искрен/а кога го/ја сослушувале. Па дури намерно или не, таа личност бранела некои од обвинетите. Ви се моЛам…
Ај сега на плукање колку сум шарен и каква вртикапа сум.
Слободно плукајте. Не ви ги бришам коментарите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK