Тасевски: Сфаќате ли со ќутење до каде дојдовме?

sasho tasevski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Уште пред една година имав во мојот стендап дел за дечињата на ДУИ кои не го положиле фис тестот за контролори на летање а чекаат вработување. Нивниот директор бараше од Данците да го повторат тестот само за неговите. И тука немаше дискриминација. Данците нормално одбија. Ама што има врска еве го пак ќе ги вработи. Без тестирање без школо. На такви ќе им довери животи на илјадници луѓе.







Се заебавав на оваа тема во стендапот дека ако ги вработат нема пилот што ќе сака да лета на нашево небо, дека патниците во тек на лет ако разберат дека контролори се од ДУИ без школо, со падобрани ќе скокаат од 9000 метри. Мислев а бе нема шанси да ги вработат.
Јебоматер ги вработија.

Ќе лета некој од овде со авион? Ќе имате храброст да слетате во Скопје или Охрид, особено кога е лошо времето? Па и на суво.
Шансите да слетате здрави ви се фифти фифти. Може ќе слетате, а може и не.
Ќутите 20 години на самоволието на ДУИ и нивната борба за права на Албанците. Викате, што имам врска јас со нив. Само што сега ќе плаќате скапа цена. Со животи. Кога тогаш.
Колку треба да ти е докурчено од самоволието на ДУИ, да си исплашен, да дадеш оставка од место шеф на контрола на летање. Кој сака да оди во затвор невин, ако некој неписмен од ДУИ сруши авион со 200 патници?
Легендата на југословенското цивилно летање, пилот со неколку десетици илјади часови летање, пред лифт ми вика: Страв ми е да летам, ко го прашав шо не оди кај синот за празнициве.
Му викам шо ми збориш бе Жоро. Тебе ти е страв да леташ? Ме заебаваш?
Боже пази ми вика. Да летам? Никад више!
Сфаќате ли со ќутење до каде дојдовме?
А вие шо патувате далеку, пред секој лет прашајте се во чии раце се вашите животи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK