Што има врска ова со нашето секојдневие? – Тамара Јованов

tamara_jovanov_3453534
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денешната лекција:
Стојам на каса во маркет и забележувам дека жената позади мене има само 2 ствари во рака.
Културно и’ давам предност (какви сме станати, дури не и се веруваше).
Излегувам со ќесите и од паркинг, наместо да чекам да поминат, две коли мене ми даваат предност.
И во првиот и во вториот случај, си се поздравивме со насмевка и ни беше убаво на миг.
Што има врска ова со нашето секојдневие?

Прво, карма постои и најубава мисла за ова ми има мајка ми: “Се’ добро што правиш во односот со другите, го правиш за себе, своите деца и поколение”. Секако, верувајќи дека така се шири добрина, која некогаш пак ќе го најде патот до тебе.



Второ, кога сме благопријатни во односот со другите луѓе, ни се лачат хормони на задоволство и среќа, ни се случуваат насмевки наместо кавги и си ја подобруваме, барем на микро ниво, атмосферата во која живееме и ни минат дните и годините.

Не знам за вас, ама јас би попрво да сум пријатна со човекот спроти/до мене, отколку да се фаќаме за гуша.
Затоа, радо ќе дадам предност, ќе придржам врата/лифт, ќе се поздравам пријателски, ќе упатам небарана насмевка или фин збор, ќе се обидам да разберам, ќе ја пуштам добрината да се шири.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK