Проф. Цицонков: Конгресен центар во Скопје нема, а парите за конферецијата на ОБСЕ?

risto_ciconkov_001
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Владата на Република Македонија (РМ) го задолжило Министерството за надворешни работи, како носител на буџетот за претседавањето со ОБСЕ во 2023 година, да спроведе постапка за набавка на градежни и други работи и услуги за реализација на внатрешната адаптација и надворешно уредување на Спортскиот центар “Борис Трајковски“ во Скопје за одржување на Конференцијата на министерскиот совет на ОБСЕ. Станува збор за голем меѓународен политички настан на кој ќе присуствуваат околу 70 министри за надворешни работи на земјите учеснички на ОБСЕ, разни делегации итн.







Тендерот за јавната набавка е веќе спроведен, избрана е фирма која по правило во последниве неколку години е донатор на политичката партија ДУИ. Се работи за сума од околу два милиона евра. Покрај оваа адаптација, ќе треба да се набави и разна опрема и друго за износ од околу пет милиони евра. Значи, се работи за вкупна сума од околу седум милиони евра. По завршување на конференцијата, СЦ “Борис Трајковски“ ќе треба да се врати речиси во првобитната состојба. Значи, нема да остане ништо од вложените пари, туку само спомени.

Па ова е невидено, не можам да верувам што се случува во државава со трошењето на пари преку тендери објавувани во неколку продолженија, а реално ништо не се гради или се трошат државните пари нерационално.

За одржување на овој настан се знаеше уште пред неколку години. Имаше доволно време (години) да се организира изградба на конгресен центар кој многу му недостасува на градот Скопје и кој ќе би имал идеални услови за одржување на конференции како оваа на ОБСЕ. Во тој објект би имало една голема сала за пленарни седници за околу 1000 лица, и уште неколку помали сали за истовремено одржување на паралелни сесии и за разни други намени. Се разбира, во комплексот би требало да има и многу други придружни содржини. На пример ресторани, кафе-барови, простории за бизнис состаноци, итн. Еве замислувам тој објект (или комплекс) да се изгради токму до СЦ “Борис Трајковски“, покрај реката Вардар. Во продолжение (сега таму е еден вид депонија) може да се направи и зона за спорт, рекреација, разонода, паркови и сл., а не да се градат огромни станбени згради како што почнаа да никнуваат меѓу булеварот Илинденска и реката Вардар.

Сум учествувал на голем број конференции, некои од ниви биле многу големи и знам како изгледаат тие конгресни центри. Имам организирано десет стручни меѓународни конференции во Охрид од 2005 до оваа година на кои учествувале по 150 до 200 експерти од целиот свет. Имав намера да организирам светски конгрес од мојата струка во РМ со многу голем број на учесници, но нема услови за тоа.

На ми се верува. Да потрошиме околу седум милиони евра за конференција (за разни адаптации), а да не остане ништо по настанот. А на градот Скопје и онака му треба конгресен центар. Спортски објекти и хотелски простории не се адекватни за одржување на конференции. Можеби да за концерти на Цеца и други.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK