– Ајде доста патетики, па кој може да ми го земе мене идентитетот?!
Кога ќе чујам ова, коса ми се крева.
Цела година на долго и широко се елаборира што значат сите потпишани и преземени обврски,
која е цената и дека ништо од тоа не е бенигно, напротив, а последиците се долгорочни и далекусежни.
– Аман, ама сте хистерични, ништо страшно нема во додавање уште неколку збора во Уставот.
Кога ќе чујам ова, коса ми се крева.
Цела година на долго и широко се елаборира што значат сите потпишани и преземени обврски,
која е цената и дека ништо од тоа не е бенигно, напротив, а последиците се долгорочни и далекусежни.
– Мене не ме интересира политика, важно е да напредува државата.
Кога ќе чујам ова, коса ми се крева.
Аха, важи. Само уште Уставот да се отвори и во рајот сме, иако
цела година на долго и широко се елаборира што значат сите потпишани и преземени обврски,
која е цената и дека ништо од тоа не е бенигно, напротив, а последиците се долгорочни и далекусежни.
Ајде, пред да се излетате со вакви опортуни “мислења”, де помислете малку.