Сообраќајна култура или соучество во трагедија?
“Safe City“ од денес официјално ги казнува возачите, но што правиме со неодговорните пешаци?
СМРТ💀
-Вака ги нарекувам овие фотографии. Особено првата, каде татко со своето дете поминува на ЦРВЕНО преку пешачки премин!🛑
-Татко, вака ли си пример за твоето дете? Утре, кога тоа ќе биде само или со другарчињата и ќе претрча на ЦРВЕНО затоа што ТИ си го научил дека законите не важат за вас, немој да го обвинуваш возачот. Ти ќе бидеш виновникот за неговата судбина, бидејќи ти си неговиот водич во животот!
-60 секунди на семафор не се доцнење, но претрчувањето може да биде ФАТАЛНО!
Освестете се‼️
-Погрешните чекори на пешачкиот премин, или вон него, се фатални. -Пешаците имаат иста, ако не и поголема одговорност од возачите.
-Немојте со својата ароганција да уништувате туѓи животи, а воедно сопствените и оние на најмилите околу вас.
П.С. Вчера пешачејќи на релација Центар-Аеродром, видов десетици вакви сцени. Од млади до стари😥
Кај Железничка за малку не бев прегазен од автобус, бидејќи возачот реши дека неговото зелено светло за десно е поважно од моето зелено како пешак!
Камерите нема да ни го сменат умот, тоа мора да го направиме самите.
Биди пример, почитувај ги знаците и законите, почни од себе пред да биде предоцна!
#Скопје #Македонија #Сообраќај #SafeCity #Безбедност #Skopje #Macedonia #СообраќајнаКултура #Пешаци #Возачи #Внимавај #БидиПример #ЗаДецата #Одговорност