Можеби ќе бидам апроксимативен, ама загрижувачки ми е дека државата во еден месец уби две млади души, и ништо не се случува на тоа поле, никој не бара одговорност, никој ништо не презема.
Убиена беше млада бегалка, како резултат на дејствување на службите на државата, по грешка или не, и тоа од полициски службеник, како што оставен да умре(или поточно лишен од навремена здравствена заштита) беше млад човек затоа што немал лична карта и здравствена книшка.
Ете, во едниот случај државата и бирократијата, престрого си ја сфатила задачата, во другиот случај прележерно.
Како и да е, државата и нејзините институции повторно излегоа пресурови со последните и обесправените, заборавените и непосакуваните, едната странец, другиот граѓанин од трет ред.
Тоа е државно насилство, криминално насилство кога институциите сметаат дека телото, безбедноста или здравјето на луѓето може да бидат неказнето повредени.
Или само да се располага со сила врз оние кои не располагаат со права.